• среда, 25 декември 2024

Еурофарм Пелистер поразен од Мешков Брест во првиот дуел од четвртфиналето во СЕХА-лигата

Еурофарм Пелистер поразен од Мешков Брест во првиот дуел од четвртфиналето во СЕХА-лигата
Битола, 21 август 2021 (МИА) – Еурофарм Пелистер вечерва во Битола загуби од Мешков Брест со 31:27 во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во регионалната ракометна СЕХА-лига. Битолчани уште од самиот почеток влегоа во негатива која на полувреме изнесуваше четири гола и до крајот не успеаја да го стигнат водството на белорускиот тим. По овој пораз, за „зелено-белите“ остануваат само теоретски шанси да се анулира негативата на реваншот во Белорусија закажан за 29 септември. Најефикасен на натпреварот беше Стипе Мандалиниќ со девет погодоци, но и тоа не беше доволно Еурофарм Пелистер да дојде до поволен резултат. Вториот македонски претставник во регионалното натпреварување, тимот на Вардар, на 26 септември ќе го пречека Загреб во првиот меч од четвртфиналната пресметка. зс/

Остани поврзан