• недела, 28 јули 2024

Еурофарм Пелистер на Меѓународен турнир во Турција

Еурофарм Пелистер на Меѓународен турнир во Турција

Битола, 29 август 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер кон крајот на оваа недела ќе настапи на силен Меѓународен турнир во Турција во рамки на завршните подготовки за новата сезона во која битолскиот клуб ќе ја брани домашната титула и ќе дебитира во групната фаза во Лигата на шампиони.

- Нашиот клуб е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во турскиот град Сакарија, како еден од четирите учесници, заедно со унгарски Веспрем, српска Војводина и Мешков Брест од Белорусија, соопшти попладнево Еурофарм Пелистер.

Полуфиналните натпревари се на програмата в петок, а се среќаваат Еурофарм Пелистер – Веспрем и Војводина – Мешков Брест.

Финалето на Меѓународниот турнир во Сакарија е закажано за в сабота. ег/ар

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан