• недела, 24 ноември 2024

Еурофарм Пелистер и Алкалоид вечерва ја отвораат новата ракометна сезона

Еурофарм Пелистер и Алкалоид вечерва ја отвораат новата ракометна сезона


Гевгелија, 4 септември 2024 (МИА) – Со натпреварот во Суперкупот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија Алкалоид, вечерва официјално ќе биде отворена новата сезона во домашниот ракомет.
Ракометниот Суперкуп меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид е закажан со почеток во 19.00 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија.
Ова е седмо издание на македонскиот ракометен Суперкуп во кој, со четири титули, најуспешен е Вардар 1961, а Еурофарм Пелистер триумфираше два пати.
Во ланското издание, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во Струмица со 30-26. ег ФОТО: Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан