• вторник, 24 декември 2024

Еурофарм Пелистер го освои Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер го освои Струшкиот ракометен турнир

Струга, 17 август 2024 (МИА) - Во македонското дерби полно со нервоза, борба, надмудрување, неизвесност и со многу исклучувања пред полни трибини во Струга, Еурофарм Пелистер вечерва го совлада Вардар со 29:26 (13:11) и се израмнија со Вардар со по 14 освоени титули на турнирот.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Филип Ивиќ, најдобар стрелец беше Богдан Радивојевиќ и за најкорисен играч на турнирот беше избран Филип Кузмановски сите од шампионот Еурофарм Пелистер.

Шведскиот тим Ескилстуна Гуиф во неизвесен натпревар го освои третото место откако го совлада ПАОК минимално со 28:27 (15:12). Грците иако имаа водство на осум минути пред крајот на мечот од два гола (26:24) Швеѓаните направија пресврт со серија од 4:0 и ја освоија бронзата. Најефикасен на мечот беше Каспер Ларсон со 9 погодоци.

Во натпреварот за избегнување на последното место екипата на Тиквеш го совлада домаќинот Струга со 24:17 остварувајќи ја првата победа на турнирот и го освои петтото место. сс/зс/

Фото: Турнир Струга 2024

Остани поврзан