• сабота, 27 јули 2024

Еузебио Ди Франческо нов тренер на Каљари

Еузебио Ди Франческо нов тренер на Каљари
Каљари, 3 август 2020 (МИА) - Еузебио Ди Франческо е назначен за нов тренер на Каљари, објавено е на официјалната веб-страница на „црвено-сините“. Педесетгодишниот фудбалски стручњак потпиша договор на две сезони - до летото 2022 година. Претходниот клуб на Ди Франческо беше Сампдорија. Според пишувањата во италијанските медиуми, тренерот ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона. Во сезоната 2019/20, Каљари го освои 13. место во Серија А со 45 бода. зс/

Остани поврзан