• петок, 27 декември 2024

ЕТЦ: За намалувањето на емисиите на штетни гасови потребни се до 2.000 милијарди долари годишно

ЕТЦ: За намалувањето на емисиите на штетни гасови потребни се до 2.000 милијарди долари годишно
Лондон, 16 септември 2020 (МИА) – Постигнувањето на нето нула емисии на штетни гасови до средината на векот би чинело дополнителни од илјада до две илјади милијарди долари годишно, покажуваат резултатите од истражувањето на Комисијата за енергетска транзиција (ЕТЦ). Според истражувањето за растот на температурата на Земјата во овој век да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови ќе мора  емисиите на штетни гасови, што предизвикуваат ефект на стаклена градина, да бидат сведени на нула. ЕТЦ наведува и дека се нужни и драматични подобрувања во енергетската ефикасност, а годишната понуда на електрична енергија ќе мора да има раст од четири до петпати за да достигне од 90.000 до 115.000 теравати часа. Додека годишниот раст на капацитетите за производство на струја од ветер и Сонце ќе мора да бидат од пет до шестпати поголеми отколку во 2019 година. Исто така се предлага во собраќајниот и индустрискиот сектор да се користи само енергија од обновливи извори, а кога не е можно тоа да се користи водорот. Преостаната потрошувачка на енергија треба да се декарбонизира со собирање и складирање на јаглерод и одржлива биоенергија. Според ЕТЦ, Кина има ресурси и технологија да стане богата, развиена економија без јаглерод до 2050 година, додека земјите во развој би требало да можат до 2060 година да постигнат нето нула емисии на штетни гасови. ЕТЦ е глобална коалиција на 40 производители на енергија, индустриски фабрики и финансиски институции, помеѓу кои и Арцелор Митал, ХСБЦ, Шел, Орстед и Банка на Америка, чија цел е економија со нето нула емисија на штетни гасови од 2050 година. ми/

Остани поврзан