• вторник, 20 јануари 2026

Ето парично казнет и суспендиран

Ето парично казнет и суспендиран


Јуанде, 15 јануари 2026 (МИА) – Претседателот н Фудбалската федерација на Камерун (ФЕКАФУТ), Самуел Ето, е казнет со 20.000 долари и суспендиран на четири натпревари поради непристојно однесување за време на поразот од 2-0 од Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.
Поранешниот напаѓач на Барселона и Интер беше виден како гневно реагира на судиските одлуки за време на натпреварот, во присуство на претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), Патрис Мотсепе.
Камерунската федерација ја нарече одлуката „неоправдана“.
„Брзата постапка што доведе до оваа одлука поведува сериозни прашања за основните барања за фер судење. Ја потврдуваме поддршката за нашиот претседател и својата посветеност на почитување на принципите за фер судење на натпреварите“, објави ФЕКАФУТ.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан