Етно концерт на хорот „Менада“ во недела
- Градскиот тетовски женски младински хор „Менада“, по повод на 19 Ноември, Денот на ослободувањето на Тетово, организира концерт на фолклорна музика.
![Етно концерт на хорот „Менада“ во недела](https://new.mia.mk/index.php/images/20231116180458_big_730x400_72.webp )
Тетово, 16 ноември 2023 (МИА) - Градскиот тетовски женски младински хор „Менада“, по повод на 19 Ноември, Денот на ослободувањето на Тетово, организира концерт на фолклорна музика.
-Македонската традиција и обичаи во недела ќе бидат раскажани преку хорска изведба на градскиот хор „Менада“. Концертот ќе биде проследен со автентичен етно стил. На промотивниот плакат се претставени три невести – Сетолчанки, дело на академскиот сликар Павле Кузмановски, како илустрација на песната „Огреала месечина“, информира диригентот Ивица Зориќ, основач и долгогодишен диригент на хорот.
Концертот ќе се одржи НУ „Музеј на тетовскиот крај“ (Дом на АРМ), а влезот е слободен. ас/мч/
фото: „Менада“