• четврток, 19 декември 2024

Етносаем во Крушево во пресрет на Илинден

Етносаем во Крушево во пресрет на Илинден
Крушево, 31 јули 2022 (МИА) - Во пресрет на големиот празник Илинден, во Крушево, во домот на културата „Наум Наумоски Борче“  вечерва е отворен етно саем со ракотворби, ткаени постелнини и рачно изработени украси со традиционални крушевски везови. Саемот го претставува уникатниот изглед на куќите во еден историски момент по кој Крушево е познато. Етносаемот пригодно го отвори градоначалникот на Крушево Томе Христоски кој ја нагласи уникатната традиција која ја негуваат крушевчанки. -Етносаемот е потврда на богатата традиција во Крушево. Инаку, заедно со домот на култура „Наум Наумовски Борче" ја продолжуваме соработката и во моментов очекуваме одговор за финансирањето на реконструкцијата на објектот. Се надевам на позитивен фидбек за да можеме да ја зачуваме оваа зграда, вели Христоски.ем/лв/  

Остани поврзан