• понеделник, 29 јули 2024

Естонец ја запроси својата девојка на младински собир во Европарламентот 

Естонец ја запроси својата девојка на младински собир во Европарламентот 

Брисел, 8 септември 2023 (МИА) – Естонецот Кулдер ја запроси својата девојка Марта за време на младински собир на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент во Брисел. 

Кулдер изјави дека не му е познато оти ваков настан досега се случил во зградата на Европскиот парламент, па затоа се решил на ваквиот потег за да направи нешто уникатно. 

Тој призна дека за малку недостигало „да ја побара раката“ на Марта пред Кралската палата во Брисел, но сепак се предомислил. 

- Таму има место со многу, многу убав поглед, но се воздржав и останав на мојот првичен план, изјави Кулдер за „Еурактив“. 

Меѓу другите, честитки на „новопечените“ вереници им упати и претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, кој беше присутен на настанот и им подари шампањско. 

Но, Кулдер не планира ова да му биде последен престој во Европскиот парламент, туку има амбиции во иднина еден ден да се врати на истото место како европратеник. сп/ссм/

Фото: Икс

Остани поврзан