• сабота, 23 ноември 2024

ЕСП: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот

ЕСП: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот

Скопје, 7 февруари 2024

Денес добивме уште една потврда дека ДУИ се во огромна паника. Стравот од кривична и политичка одговорност за сторениот криминал ги тера очајно да се обидуваат да си ја одлепат етикетата дека станаа казино партија.

Иронија е што Артан Груби се обидува криминалот со казино бизнисите да ги претстави како политички триумф на ДУИ. Не постои поголем срам за Али Ахмети кога влезот на српското мафијашко подземје во интернет коцкањето благодарение на жртвеното јагне Перпарим Бајрами се претставува како врвен политички дострел. Ова е дно за ДУИ кој од партија која се бореше правата на Албанскиот народ се сведе на пералница на валкани пари.

Албанскиот народ знае дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е само мамка за да се скријат законските одредби кои треба му овозможат на Груби да си ги полни џебовите со народни пари.

Во последните 4 години за ВЛТ апарати Груби расфрли 40 милиони евра. Само во еден ден пред формирањето на Техничката Влада купи ВЛТ апарати за 12 милиони евра. Наместо учебници, училишта, амбуланти, болници, спортски сали и други стратешки објекти, парите се потрошија на труење на нашите деца и млади.

Артан Груби ќе остане запаметен дека со негов печат се отворија три фирми за интернет коцкање со што му го донесоа злото на народот дома. Младите преку мобилните телефони стануваат потенцијални жртви на алчноста на казино фирмите кои се ортаци со ДУИ.

За сите овие гревови ќе следи политичка и кривична одговорност. Европскиот Сојуз за Промени после 8 мај ќе донесе нов закон со кој сите форми на игри на среќа ќе бидат затворени.

Европски сојуз за промени 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан