• четврток, 26 декември 2024

ЕСП: Борбата за разрешување на претстедателката на Врховниот суд Адеми е за да се врати Груевски

ЕСП: Борбата за разрешување на претстедателката на Врховниот суд Адеми е за да се врати Груевски

Скопје, 30 ноември 2023

Европскиот сојуз за промена  загрижено ја следи кампањата на ДУИ и Судскиот совет за разрешување на г-ѓа Беса Адеми од позицијата Претседател на Врховен суд.

Ја потсетуваме јавноста дека борбата за разрешување на г-ѓа Адеми е со цел да се врати Груевски и да има негова целосна амнестија!

Стратегијата за компромитирањето на г-ѓата Адеми е произведено во Министерството за пропаганда предводена од Артан Груби, додека кампањата се спроведува преку фантом-порталите со седиште во истото министерство.

Денешните предупредувања за разрешувањето на г-ѓата Адеми од позицијата Претседател на Суд, потврдуваат дека Европскиот сојуз за промена  биле во право – дека политичкиот притисок се води од Влада до Врховен суд, како последна пречка за враќањето на Груевски. Сме имале право кога прашавме дали се подготвува враќањето на Груевски со помош на ДУИ, сме имале право кога алармиравме за политичкиот притисок на ДУИ кон Беса Адеми!

Идеаторот и извршителот за враќањето на Груевски – ДУИ, денес уште еднаш потврди дека тоа што некогаш беше политичка партија предводена од идеали, денес е трансформирана во параполитичка структура предводена од интереси, организиран криминал и корупција. Трансформирани во спонзор за разрешување на Беса Адеми, ДУИ уште еднаш ги потврди нашите тврдења дека денес во Северна Македонија еден албанец може да напредува само како послушен кон власта и сервилен кон ДУИ, а не заради тоа дека е квалификуван, способен и умен!

Во времето на присилните мерки на Србија во Косово, албанците кои не одбиле да бидат послушни кон власта беа наречени „чесни албанци“. Водејќи борба со Беса Адеми, ДУИ не потсетува дека „чесниот албанец“ не е исчезнат! „Чесниот албанец“ денес е секаде каде ДУИ има инсталирано сопствени луѓе кои работат за партијата, а не за народот.

На албанците во Северна Македонија, никогаш не им недостигала слободата повеќе од денес, каде таа слобода се контролира и се формулира од партијата на власт заедно со нејзините милитанти.

Европски сојуз за промена

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА Архива

Остани поврзан