• вторник, 24 декември 2024

„Еспресото“ можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест

„Еспресото“ можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест

Верона, 24 јули 2023 (МИА) - Пиењето кафе „Еспресо“ би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија.

Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има и корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот откриле дека „Еспресото“ посебно ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки.

- Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на „Еспресо“ кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства, вели д-р Маријапина Д'Онофрио.

За потсетување, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачки резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји. Со тоа, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на опасност - вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.  си/

Фото: Пиксабеј.

Остани поврзан