• среда, 27 ноември 2024

Еспер: САД се подготвени за заканите од Кина и од Русија 

Еспер: САД се подготвени за заканите од Кина и од Русија 
Вашингтон, 4 мај 2020 (МИА) - САД се сочуваат со закани од Кина и Русија независно од пандемијата со новиот  коронавирус, истакна денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер. Според него, САД многу добро знаат кои се заканите надвор од границите на земјата. - Гледаме како активностите на Кина се засилуваат во Јужно Кинеско Море, Русија продолжува со разузнавачки летови во нашето воздушно пространство и на брегот на Алјаска, на северната граница. Гледаме како милитанти се групираат во Ирак, терористите се активни од Африка до Блискиот Исток и Авганистан, изјави денеска Еспер за време на онлајн настап во Институтот Брукингс во Вашингтон. Според него, акциите на Кина и Русија во некои случаи се навистина дрски. - Понекогаш гледаме дека тие никако не отстапуваат. Иако и кај нив има пандемија со Ковид-19, но за то не се известува, тие не соопштуваат, но ние знаеме дека и кај нив постои загриженост, изјави  Еспер. Тој додаде дека САД со внимание ја следат ситуацијата и се  што таму се случува. -Ова е неизвеснo времe, неизвесно е како земјите и нивните вооружени сили може да реагираат, и ние треба да бидеме подготвени и на готовс, истакна Еспер. кб/ми/

Остани поврзан