• четврток, 19 декември 2024

Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од населба Водно

Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од населба Водно

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - „ЕСМ Дистрибуција на топлина“ соопшти дека работи за решение на прекинот на испорака кај дел од потрошувачите во скопската населба Водно.

- Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок. Дополнително, „ЕСМ Снабдување со топлина“ ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и ќе ја информира јавноста за сите детали, се наведува во соопштението.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, се истакнува во соопштението. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан