• четврток, 26 декември 2024

ЕСМ: Понудената цена од 48e/MWh е резултата на зголемени напори и е со цел да не влијае значајно на крајната цена за граѓаните

ЕСМ: Понудената цена од 48e/MWh е резултата на зголемени напори и е со цел да не влијае значајно на крајната цена за граѓаните
Скопје, 26 јуни 2022 Од 2019г АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија во услови на либерализација. Иако законот ни дава можност да испорачуваме енергија од само 60% од потребите на ЕВН Хоме, а другите количини да ги продаваме на слободниот пазар и дополнително да заработуваме, АД ЕСМ повторно ќе испорача 100% за потребите на граѓаните и малите потрошувачи. Што се однесува до цената, АД ЕСМ понуди пониска цена, од 48 евра за мегаватчас, затоа што со ваква цена ќе има само благо покачување на крајната цена за граѓаните. ЕСМ учествува со околу 32% во цената за крајните потрошувачи. Цената што ја понудивме е резултат на зголемениот ангажман на вработените, кои со натчовечки напори и деноноќно ангажирање обезбедуваат електрична енергија за граѓаните и фирмите во овие исклучително тешки услови, особено кога има недостаток на мазут и природен гас во Јужна Европа. Резултат е и на оптимизирање на производството, зголемување на производството и намалување на зависноста од набавка на електрична енергија, навремено и квалитетно менаџирање на состојбите, намалување на непродуктивните трошоци, намалување на вкупните трошоци за 15% и во првите 5 месеци од годината заштедени се речиси 50 милиони евра. Така ќе се продолжи и во втората половина од годината. Во услови кога цените се драстично зголемени и има недостиг на енергенси, правиме натчовечки напори да се обезбедат дволни количини на јаглен и да се зголеми ископот за зголемено производство на електрична енергија во РЕК Битола и РЕК Осломеј, додека хидропоренцијалот, поради неповолната хидрологија, се чува за баласирање и системски услови, заради стабилно снабдување. Не е коректно, во услови на енергетска и воена криза во Европа, т.н. експери да внесуваат немир и дезинформации кај граѓаните со неодговорни настапи во јавноста. ЕСМ покажа дека има капацитет да обезбеди снабдување со електрична енергија, и дека има помош и поддршка од Владата на Р. Северна Македонија, и така ќе продолжиме и во следниот период и претстојната грејна сезона. АД Електрани на Северна Македонија _________________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан