• недела, 24 ноември 2024

ЕСМ од вторник ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

ЕСМ од вторник ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како  што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени  понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил. Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ претходно го повика Макпетрол да достави до нив нова понуда за гас, откако компанијата соопшти дека навремено не добила побарување од ЕСМ за гас поради што не ги платила потребните количини до нивниот доставувач Гаспром за ноември. Според најавите, имаше уште две компании кои беа заинтересирани да достават понуда на тендерот за снабдување со природен гас за ноември годинава за потребите на топланите, а постоеше можност понудите да бидат за целата грејна сезона, вклучително и за работата на когенеративната постројка ТЕ-ТО. Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вчера во изјава за медиумите рече дека доколку нема прифатливи понуди на тендерот се подготвуваат топланите да работат на дизел.вј/лв/

Тагови

Остани поврзан