• сабота, 16 ноември 2024

Есенски панаѓур за здрава храна во прилепско основно училиште

Есенски панаѓур за здрава храна во прилепско основно училиште

Прилеп, 16 октомври 2024 (МИА) - По повод светскиот ден на храната, учениците од прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ денеска го организираа веќе воспоставениот традиционален есенски панаѓур.

Под мотото „Избери здраво, живеј силно“ есенскиот панаѓур се одржа во училишниот двор, а учествуваа учениците од сите одделенија, од прво до деветто.

-Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравата исхрана и придобивките од консумирање на природни и хранливи намирници. Сите одделенија беа активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови.Учениците заедно со своите родители подготвија разновидни видови на здрава храна, како овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно, вели Снежана Коцевска, Шубеска, директорка на ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

Овој панаѓур во прилепскиото основно училиште „Кире Гаврилоски -Јане“ е традиционален. ем/аа/

Фото: ОУ„Кире Гаврилоски-Јане“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан