• недела, 24 ноември 2024

Есенски панаѓур во Македонска Каменица

Есенски панаѓур во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 15 октомври 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица се одржува есенски панаѓур. Во рамки на панаѓурот, како што информираа организаторите, каменичани ќе можат да се снабдат со разновидни производи за широка потрошувачка. - Панаѓурот е тридневен и завршува во недела на 16 октомври. Овде во Македонска Каменица сме втор пат и засега сме задоволни. Првиот ден временските услови не ни беа наклонети, но денес имаме подобри временски услови и посетеноста е задоволителна, истакна Раман Демиров, организатор на панаѓурот. Дел од каменичани ја поздравија идејата за организирање на панаѓурот, бидејки, според нив, на овој начин имаат можност да купат поевтини производи. - Добро е бидејки за некои производи моравме да одиме во Кочани, Делчево и други градови, а вака сега можеме да купиме овде. Има голем избор и ќе избереме нешто за децата, вели посетителка на панаѓурот. Панаѓурот се одржува на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, а претходно тридневен панаѓур беше организиран и во Општина Делчево. вс/мс/

Остани поврзан