• сабота, 27 јули 2024

„Есенските бои преточени во валандовските плодови“ на плоштад во Валандово

„Есенските бои преточени во валандовските плодови“ на плоштад во Валандово

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Настанот „Есенските бои преточени во валандовските плодови“ денеска ќе се одржи на плоштадот во Валандово. На настанот, организиран од наставници и ученици од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, ќе бидат промовирани валандовски земјоделски плодови, производи од домашните брендови одгледани и изработени на традиционален македонски начин.

Во рамките на овој настан, ќе се одржи и панел-дискусија, од 11 до 12 часот, на тема: „Предизвици во земјоделието како резултат на климатските промени“.

На панел-дискусијата ќе говорат универзитетската професорка Виолета Димовска, од Земјоделски факултет при УГД Штип, Горан Колев, експерт за пчеларство, Ѓорге Арнаудов, стопанственик и претседател на националната асоцијација: Мрежа на земјоделски задруги и универзитетскиот професор Ордан Чукалиев од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ир/аа/

 



 

Остани поврзан