• сабота, 23 ноември 2024

Есенска дератизација во општина Аеродром

Есенска дератизација во општина Аеродром

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, информираат од Општината.

При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината.

Есенската и пролетната дератизација, велат од Општина Аеродром, претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. сст/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан