• четврток, 26 декември 2024

Есенската аукција на „Сотби“ во Женева со два посебно вредни предмети

Есенската аукција на „Сотби“ во Женева со два посебно вредни предмети
Женева, 23 јуни 2020 (МИА) - Бурмански сафир и колумбиски смарагди ќе бидат во средиштето на вниманието на есенската аукција на „Сотби“ во Женева во ноември. Арт-деко нараквицата на Картие со бурмански сафир, порабена со два дијаманта, се проценува дека ќе достигне цена меѓу два и три милиони долари, изјави проценител од аукциската куќа. Дизајнирана во 1927 година, нараквицата има бурмански сафир, лабораториски заверен како „кралски син“ по боја, со два дијаманти во форма на круша. Другиот посебен предмет на наддавањето, што ќе се одржи на 13 ноември, е смарагдно-дијамантски ѓердан, исто така - на брендот Картие. Тој вреди меѓу 3,5 и 4,5 милиони долари. Некогаш бил во сопственост на принцезата Салимах Ага Кан. Содржи седум колумбиски смарагди.  си/

Остани поврзан