• среда, 25 декември 2024

Есенва зачестија прекините во снабдување со вода од новиот тетовски систем поради честите заматувања

Есенва зачестија прекините во снабдување со вода од новиот тетовски систем поради честите заматувања

Тетово, 27 ноември 2022 (МИА) - Неделава повторно во Тетово се случи да биде во прекин снабдувањето со вода од новиот водоснабдителен систем поради заматувањето на Лешничка река.  Заматувањато особено се случува после интензивни врнежи од дожд кога речната вода се заматува, што е  причина сензорите во пречистителната станица да го прекинат доводот во градската мрежа.  Оваа есен неколку пати ова се има случено па Тетово се снабдува само со водата од стариот водоснабдителен систем.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија и хигиена во Центарот за јавно здравје Тетово вели дека има начин  да се надмине оваа состојба.  Потребно е водата да се кондиционира, односно прво да се спроведат одредени мерки – корекција на водата или прочистување пред да се пушти за користење. Такви можности се озонирање, филтрација со активен јаглен и користење таложник.

-После секои обилни дождови настапува заматување на Лешничка река и настанува заматување на водата што доаѓа во филтер станицата. Може да се поправи оваа состојба, да се кондиционира со тоа што треба на сировата вода, во филтер станицата, да има таложник. Таложникот најдобро е да биде или без коагулација, или со коагулација. Таложникот би помогнал, знаеме дека имаме недостаток на вода и затоа се вклучува филтер станицата, односно површинската вода од Лешничката река. Со таков таложник ќе се пречисти водата дури и онаа промена на вкус и на мирис не само матнотијата. Тоа се прави со коагулација,коагуланти може да бидат натриум сулфат, фери-сулфат, феро-суфлат, бакарен сулфат и колоидите, изјави Давидовски.

Надминувањето на матноста со овој и другите можности зависи од финансиските капацитети на ЈКП Тетово, смета докторот. Тој вели дека редовно институциите на државно и на локално ниво се информирани за оваа можност.

-Наша законска обврска е секоја година да даваме извештај за состојабата со водоснабдувањето, како до Министерството за здравство, Институтот за здравство и до оштините. Четири години ги даваме предлог мерките, состојбата каква и ги даваме овие предлог мерки.  Но навистина чини и комплетирање или надградба на техничките капацитети. Овие работи што ги кажав, се е поврзано со финансиска импликација. На граѓаните им препорачувам без разлика, кога ќе приметат дека е заматена водата, десет минути превривање, таложење, ставање во фрижидер и ви гарантирам дека таа е стерилна вода и може да се пие, истакна Давидовски.

Заматената вода не се пропушта во системот туку во природата. Напреден мониторинг не дозволува мешање на водата доколку се вклучат сензорите за матноста, вели Давидовски.

-Често се случува да има заматување на водата затоа што на дневно ниво има и два до три дефекти и дотраена е водоводната мрежа и плус разнородна е. Во план е нова водоводна мрежамора се промени состојбата затоа што во најдобри времиња на пролет максимални 600 литри вода во секунда е магистралниот цевковод што носи вода од Шар Планина, а апсорпционата моќ е 400 литри на градскиот водовод.  И на пролет кога се топи снегот, имаме 750, 600 можат да дојдат, само 420, имаме загуба од 180 литра. Тоа е еден град да се снабдува со вода, истакнува Давидовски.

За оптимално снабдување на Тетово со вода се потребни околу 300 литри вода во секунда. Најтешко е во зимски услови кога стариот водоснабдителен систем што зема вода од извори на Шар Планина има доток помал од 300 литри во секунда. ас/дма/

 

Остани поврзан