• сабота, 23 ноември 2024

Ер Франс-КЛМ објавија загуби од 2,6 милијарди евра за вториот квартал на годината

Ер Франс-КЛМ објавија загуби од 2,6 милијарди евра за вториот квартал на годината

Париз, 31 јули 2020 (МИА) – Групата Ер Франс-КЛМ  која „внимателно“ ја зголемува својата понуда за ова лето во контекст на случувањата што се уште се многу несигурни, забележа нето загуба од 2,6 милијарди евра по речиси нулта ниво на активност во април и мај, јави дописникот на МИА од Париз.

Во јуни, активноста беше 8 отсто во однос на минатата година и компаниите на групата „внимателно го зголемуваат нивниот капацитет за летните месеци“, се вели во соопштението на Групата.

- Видливоста на кривата за реприза на побарувачката е ограничена затоа што однесувањето на резервациите на клиентите е многу повеќе ориентирано кон краток рок отколку пред кризата со Ковид-19, особено на врските на долги релации. Резултатите од вториот квартал одразуваат невидено влијание на кризата на Ковид-19 врз активноста на Групата, изјави главниот извршен директор Бенџамин Смит, наведувајќи дека „мерките за намалување на трошоците и зачувувањето на ликвидноста, што беше брзо спроведено, сепак, овозможи да се намалат оперативните загуби.

Тој додаде дека „исклучителната поддршка од француската и холандската влада им овозможи на Ер Франс-КЛМ да ја има потребната ликвидност за да се соочи со кризата и да обезбеди постепено закрепнување на активностите“.

На 30 јуни, Групата располагаше со 14,2 милијарди евра или кредитни линии, од кои 10,4 милијарди директен или загарантиран заем доделен од Франција и Холандија (7 милијарди од Франција и 3,4 милијарди од Холандија), објасни финансискиот директор на Групата, Фредерик Гагеј.

Раководството на Ер Франс-КЛМ иницираше план за „реконструкција“ на Групата по кризата со Ковид-19 што ќе вклучува намалување од 40 отсто на француската мрежа на летање – во која „Ер Франс“ изгуби 200 милиони евра во 2019 година - и елиминација на 7.580 работни места до крајот на 2022 година, односно 16 отсто од работните места во Ер Франс и 40 отсто од оние на Хоп, која обезбедува домашни врски. Во Холандија, „планот за реструктуирање на КЛМ предвидува значително намалување“ на бројот на работни места и холандската компанија „веќе започна доброволен план за заминување на околу 2.000 вработени (со еквивалентно полно работно време)  кои тоа го прифатија пред крајниот рок, соопшти Групата. тг/

Остани поврзан