• четврток, 26 декември 2024

„Ер трактор“ на ДЗС интервенира на пожарот кај Неготино

„Ер трактор“ на ДЗС интервенира на пожарот кај Неготино

Неготино, 29 јули 2023 (МИА) - Авион на ДЗС интервенира на пожарот кај Неготино, соопштија од ЦУК.

- Авионот „Ер трактор" на ДЗС полетал и ја погодил со вода токму локацијата со пожар каде што требало, согласно наведувањето од противпожарните сили од земја. Пожарот почнал да се контролира иако се уште дувало променлив ветар. Со вториот налет најветојатно ќе биде локализиран и совладан и од пп силите кои дејствуваат по земја, наведуваат од ЦУК. 

На терен гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци, а на самото место е и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Шумата што гори кај Неготино била подигната есента во 1972 година, во чест на 100 - годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Ова вечерва го потврди за МИА, Димитар Велков од Кавадарци, раководител на проектот за пошумувањето. 

Пошумувањето на спомен шумата било државен проект, на Инвестицискиот фонд за пошумување на голините. Пошумени биле околу 350 хектари површина со зимзелени и листопадни дрвја. Црн бор, маслинка, чемпрес, кедар. 

Ова не е прв пат да гори дел од Гоцева шума. Пожар имаше и пред неколку години. Во август 2016 година изгореа околу 30 хектари борови дрвја, тревка и меѓи, а беа зафатени и лозови насади. свд/вг/


Фото : МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан