• петок, 27 декември 2024

Ерупција на вулканот Килауеа на Хаваи и земјотрес од 4,4 степени

Ерупција на вулканот Килауеа на Хаваи и земјотрес од 4,4 степени
Хонолулу, 21 декември 2020 (МИА) - Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи вчера повторно проработи, а по ерупцијата следеше земјотрес, потврди Американскиот геолошки институт (УСГС). Земјотресот, со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди островот еден час откако вулканот започна да еруптира, а УСГС соопшти дека добил повеќе од 500 пријави од луѓе кои го почувствувале земјотресот, но дека не очекува значителна штета на зградите или објектите. Ерупцијата започна доцна саиноќа во кратерот Халемаумау. Вулканот се наоѓа во рамки на Националниот парк Хавајски вулкани. Националната метеоролошка служба во Хонолулу издаде предупредување до жителите за паѓање пепел од вулканот бидејќи прекумерната изложеност на пепел ги иритира очите и органите за дишење. Со непрекинатите ерупции на вулканот Килауеа од 1983 година, Хаваи го менува својот изглед. Со ерупција во 2018 година, Килауеа потрупа повеќе од 700 куќи и ги покри со прашина патиштата на источен крај на островот, бидејќи исфрли доволно лава за да наполни 320.000 олимписки базени, пресметаа тогаш американски експерти. паг/

Остани поврзан