• вторник, 24 декември 2024

Ерупција на вулканот Канлаон на Филипините

Ерупција на вулканот Канлаон на Филипините

Манила, 9 декември 2024 (МИА) - Вулканот Канлаон на островот Негрос на Филипините еруптираше вторпат оваа година.

Институтот за вулканологија и сеизмологија објави дека вулканот станал активен околу 15 часот по локално време. Активноста траела околу четири минути, а пепелта била исфрлена на височина од 3.000 метри.

Институтот ги предупреди граѓаните кои живеат на шест километри од вулканот да се евакуираат.

Канлаон последен пат беше активен во јуни, кога за време на ерупцијата исфрли чад на височина од 5.000 метри. ссм/

фото: филипински Институт за вулканологија и сеизмологија

Остани поврзан