• сабота, 23 ноември 2024

Еруптираше вулкан на островот Суваносе во југозападна Јапонија

Еруптираше вулкан на островот Суваносе во југозападна Јапонија

Токио, 13 јануари 2024 (МИА) - Вулканот на планината Отаке на островот Суваносе во префектурата Кагошима во југозападна Јапонија еруптираше денеска, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Агенцијата наведува дека засега нема извештаи за повредени.

По ерупцијата, метеоролошката агенција го подигна нивото на предупредување за вулканска активност за еден степен на три, што значи дека луѓето не треба да се приближуваат до кратерот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан