• недела, 24 ноември 2024

Еруптираше вулкан во Исланд, нема опасност за жителите

Еруптираше вулкан во Исланд, нема опасност за жителите
Рејкјавик, 20 март 2021 (МИА) - Вулканот Фаградалсфјал во близина на исландската престолнина Рејкјавик еруптираше синоќа и го обои небото над градот во црвена, но научниците не се загрижени за овој феномен. Според првичните информации, пукнатината е долга околу 200 метри, објави исландскиот Метеоролошки завод. Забележани се прскања на мали фонтани со лава, а вжештената маса достигна големина од околу еден квадратен километар, соопштија властите. Измерени се мали сеизмолошки флуктуации.
Одделот за цивилна заштита и управување со кризи ги повика жителите да останат смирени и ги предупреди да не се приближуваат до вулканот и да не им пречат на службите за итни случаи.
И покрај драматичните фотографии и сцени, властите соопштија дека ерупцијата е мала и не претставува опасност за жителите на блискиот Гриндавик.
„Ние внимателно ја следиме ситуацијата и сега тоа не се смета за закана за околните градови. Ги повикуваме луѓето да се држат настрана од вулканот и да останат безбедни", објави на Твитер премиерот Катрин Јакобсдотир.
Метеоролошката канцеларија на Ведурстоф соопшти дека протокот на лава веројатно нема да предизвика поголема штета. паг/
   
 

Остани поврзан