• петок, 27 декември 2024

Ерменија почна рускиот гас да го плаќа во рубљи

Ерменија почна рускиот гас да го плаќа во рубљи
Ереван, 15 април 2022 (МИА) - Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан. - Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс, појасни министерот. Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи. Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубљи. Под „непријателски земји“ спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина. бд/сд/

Остани поврзан