• среда, 25 декември 2024

Ериксен: Сите мислат дека веќе сме загубиле од Германија, но сигурен сум дека ќе успееме

Ериксен: Сите мислат дека веќе сме загубиле од Германија, но сигурен сум дека ќе успееме

Дортмунд, 29 јуни 2024 (МИА) - Кристијан Ериксен, кој на мечот против Србија стана рекордер по број на натпревари за репрезентацијата на својата земја, смета дека „црвениот динамит“ има сили денеска да го изненади и елиминира домаќинот Германија, иако сите очекувања се Бундестимот да продолжи понатаму.

- Кога почнав да играм за репрезентацијата, изгледав како мало бебе - со повеќе коса и помалку брада. Многу сум горд на мојот рекорд за националниот тим. Чувството е чудно бидејќи има толку многу легенди на данскиот фудбал. Да бидам заедно со нив, тоа ќе биде нешто на кое ќе се навратам со широка насмевка кога ќе станам постар, изјави Данецот.

Вели дека е задоволен од главната улога што ја игра и неговиот придонес во репрезентацијата. 

Сега ни претстои елиминациски натпревар против Германија во Германија. Не може да биде поголемо. Ќе играме смирено бидејќи нема што да загубиме. Сите мислат дека веќе сме изгубиле. Но, едвај чекам да им покажеме дека можеме да се справиме со најдобрите. Сигурен сум дека ќе успееме, изјави Ериксен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан