• среда, 27 ноември 2024

Ериксен: Прашај го Конте зошто играм малку

Ериксен: Прашај го Конте зошто играм малку
Милано, 30 октомври 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен проговори зошто добива мала минутажа за „нероазурите“.
  • Прашајте го тренерот за тоа. Јавете му се на Конте и разговарајте со него затоа што тој носи одлуки. Во фудбалот секогаш има подеми и падови, само неколку играчи се секогаш на врвот. Станав подобар во тоа што не размислувам за критика, бидејќи секој има свое мислење. Особено сега кога се преселив во Италија, каде секој има свое мислење. Важно е да им верувате на луѓето околу вас и да не ги слушате другите, рече Ериксен.
Данецот нема одиграно цел натпревар за Интер оваа сезона. зс/

Остани поврзан