• четврток, 26 декември 2024

Ериксен може да се врати во Тотенхем ако Али замине во ПСЖ

Ериксен може да се врати во Тотенхем ако Али замине во ПСЖ
Лондон, 8 јануари 2021 (МИА) - Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен, може да се врати во Тотенхем. Според „Ла Газета дело Спорт“, таква опција е можна доколку играчот од средниот ред на Спарс, Деле Али се пресели во ПСЖ. Тренерот на лондонскиот клуб, Жозе Мурињо, со задоволство ќе го види Данецот во неговиот тим. Португалецот верува дека Ериксен ќе му даде на тимот избор во нападот од кој сега е лишен. Интер го стави Ериксен на трансфер листата и најверојатно играчот ќе го напушти клубот во јануари. Оваа сезона тој настапи на 9 натпревари во Серија А за „нероаѕурите“. зс/

Остани поврзан