• четврток, 26 декември 2024

Ериксен за неговата кариера: Треба време и се менуваат перспективите

Ериксен за неговата кариера: Треба време и се менуваат перспективите
Лондон, 21 мај 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, вели дека доживеаниот срцев удар на минатогодишното Европско првенство ја промени неговата „перспектива“ за животот и семејството и дека сѐ уште не одлучил „100%“ каде ќе игра следната сезона. Во интервју за „BBC“, Ериксен вели дека треба време и се менуваат перспективите. - Отсекогаш сум сакал да освојувам трофеи, отсекогаш сум бил на компетитивната страна, отсекогаш сум сакал да бидам најдобрата можна верзија, да играм на највисокото можно ниво. Но, на крајот, секако, треба време и се менуваат перспективите, рече тој. Дополни дека не знае што чува иднината за него, меѓутоа, тоа, како што рече, ќе е одлука од спортска перспектива, меѓутоа и семејна, исто така. Како еден од можните клубови каде тој ќе ја продолжи својата кариера го посочува токму Брентфорд. ар/нд/  

Остани поврзан