• среда, 18 декември 2024

Ереван: Едно лице загина во напад на границата со Азербејџан

Ереван: Едно лице загина во напад на границата со Азербејџан

Ереван, 2 октомври 2023 (МИА) – Едно лице загина, а две други се повредени на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, каде азербејџанските сили денеска пукаа во возило на ерменските сили, соопштија властите во Ереван.

- Денеска, по пукањето на азербејџанските вооружени сили врз возилото на ерменските сили кое превезувало опрема за војниците, едно лице загина на ерменска страна, а две се повредени, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Нападот се случи откако речиси целото население на Нагорно Карабах си замина од областа.

Во еднодневната воена кампања која почна на 19 септември, азербејџанската армија тешко ги порази сепаратистичките сили на Ерменија, кои имаа недостиг од луѓе и оружје, и беа принудени да капитулираат. јт/

Фото: Министерство за одбрана на Ерменија

 

Остани поврзан