• сабота, 23 ноември 2024

Ердоган: Тројца турски војници загинаа во Сирија

Ердоган: Тројца турски војници загинаа во Сирија
Анкара, 27 февруари 2020 (МИА) - Тројца турски војници загинаа во северозападна Сирија при судир на турските и сириските сили, изјави денеска во Анкара претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој ја оцени ситуацијата на теренот како „поповолна“ и наведе дека „загубата од страна на (сирискиот) режим е многу тешка“.
Турското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека двајца турски војници загинале, а двајца се ранети во напад од воздух во провинцијата Идлиб, каде во судирите на турските и сириските сили од почетокот на февруари загинаа 20 турски војници.
Сириските сили со поддршка на силите на сојузниците од Русија од половината на декември водат офанзива против бунтовниците и џихадиските групи во таа провинција што предизвика тензии со Турција која во таа област има војници. Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права соопшти денеска дека бунтовничките групи, меѓу кои некои имаат поддршка од Анкара, го преземале градот Саракеб во Идлиб. Сириската офанзива исто така предизвика криза меѓу Турција и Русија, која ги поддржува ривалските страни во сириската војна. Руска делегација вчера пристигна во Анкара на разговори со турските власти во Идлиб. паг/  

Остани поврзан