• четврток, 26 декември 2024

Ердоган ја прифати оставката на својот зет, министерот за финансии Албајрак

Ердоган ја прифати оставката на својот зет, министерот за финансии Албајрак
Анкара, 9 ноември 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја прифати оставката на министерот за финансии, неговиот зет Берат Албајрак, соопшти денеска турското претседателство. „Како резултат на проценката на нашиот претседател, беше прифатено барањето на министерот за финансии, Берат Албајрак, да поднесе оставка“, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство. Се додава дека Ердоган изразил воодушевување од успехот што Албајрак го постигна за две години како министер. Албајрак (42) вчера соопшти дека се повлекува од функцијата од здравствени причини. Тој беше назначен за министер за финансии во јули 2018 година, а пред тоа беше министер за енергетика. Албајрак е оженет со ќерката на Ердоган, Есра, со која има четири деца. ссм/

Остани поврзан