• среда, 27 ноември 2024

Ердоган ја осуди руската анексија на Крим

Ердоган ја осуди руската анексија на Крим
Киев, 3 февруари 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Киев ја осуди „руска анексија на Крим“ и вети дека ќе го поддржи територијалниот интегритет на Украина. Ердоган, исто така, за време на посетата на Украина рече дека Турција ќе помогне во градењето на станови за 500 семејства на кримски Татари кои се преселиле во другите делови на Украина по анексијата на Крим. Кримските Татари се турска етничка група на Крим. Говорејќи на прес конференцијата по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Ердоган истакна дека „Турција не ја признава нелегитимната анексија на Крим и дека го поддржува територијалниот интегритет на Украина“. Зеленски, од своја страна, рече дека Украина смета дека Турција ќе помогне во ослободување на кримските Татари уапсени на Крим. Зеленски, исто така, соопшти дека тој и Ердоган разговарале за можна испорака на природен гас до Украина преку Турција. ссм/

Остани поврзан