• четврток, 26 декември 2024

Ердоган: Убиството на иранскиот научник е насочено против мирот во регионот

Ердоган: Убиството на иранскиот научник е насочено против мирот во регионот
Анкара, 4 декември 2020 (МИА) - Убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризаде е насочено против мирот во регионот, но оние кои имаат таква цел нема да успеат, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани. Ердоган изразил длабока тага поради убиството на Фахризаде и сочувство до иранскиот народ и семејството на научникот. За време на разговорот двајцата претседатели се осврнале и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, регионални прашања и начини за развој на меѓусебните односи. гт/

Остани поврзан