• четврток, 26 декември 2024

Ердоган: Турција го тестираше С-400, не се важни заканите од САД

Ердоган: Турција го тестираше С-400, не се важни заканите од САД
Анкара, 23 октомври 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска потврди дека Анкара го тестирала системот за противвоздушна одбрана С-400 што го купи од Русија, наведувајќи дека нема да бара дозвола од САД. Како што пренесуваат агенциите, Ердоган рече дека приговорите на САД по тоа прашање „не се важни“. Турските вооружени сили го тестираа С-400 на северот на земјата, во близина на градот Синоп, од 13 до 17 октомври, што предизвика лута реакција од Вашингтон, пренесува РИА Новости. Вашингтон оцени дека купувањето на системот С-400 од Русија претставува закана за одбраната на НАТО и се закани на Анкара со санкции. паг/

Тагови

Остани поврзан