• вторник, 24 декември 2024

Ердоган со порака до Зеленски: Турција е подготвена да биде посредник меѓу Киев и Москва

Ердоган со порака до Зеленски: Турција е подготвена да биде посредник меѓу Киев и Москва

Анкара, 5 јануари 2024 (МИА) -Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со украинскиот шеф на државата Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.

Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да се „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и дасе обезбеди траен мир, јавија турски медиуми.

„Подготвени сме да ја преземеме улогата на преговарач за да обезбедиме мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, нагласил турскиот претседател. зш/

Остани поврзан