Ердоган сериозно го сфаќа руското негирање за вмешаност во падот на проектилите во Полска
- Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сериозно го сфаќа руското негирање за вмешаност во падот на проектилите во Полска. Според него, веројатно се работи за техничка грешка.
Анкара, 16 ноември 2022 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сериозно го сфаќа руското негирање за вмешаност во падот на проектилите во Полска. Според него, веројатно се работи за техничка грешка.
- Се сретнав со германскиот канцелар Олаф Шолц. Постои општ впечаток дека оваа ракета не е од руско производство и оваа изјава отвора пат до одредени факти, така што не треба да се инсистира оти ракетата е лансирана од Русија. Тоа би било провокација, смета Ердоган.
Тој додаде дека „мир може да се воспостави само низ дијалог и ние сакаме да воспоставиме дијалог“. бд/јт/