• недела, 01 септември 2024

Ердоган: Рацете на Бајден се крвави од поддршката за Израел

Ердоган: Рацете на Бајден се крвави од поддршката за Израел
Анкара, 17 мај 2021 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека американскиот претседател Цо Бајден е „со крвави раце“ поради неговата поддршка за Израел во жестокиот конфликт во Појасот Газа. „Пишувате историја со вашите крвави раце“, му порача Ердоган на Бајден преку телевизиска изјава. - Вие нè принудивте да го кажем тоа. Не можам да отстапим, додаде турскиот претседател. ссм/

Остани поврзан