• четврток, 26 декември 2024

Ердоган: Од 31 декември петдневен целосен „локдаун“ во Турција

Ердоган: Од 31 декември петдневен целосен „локдаун“ во Турција
Анкара, 14 декември 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави денеска дека од 31 декември во земјата ќе биде воведен целосен „локдаун“ во траење од пет дена поради пандемијата на коронавирусот. Тој нагласи дека наредбата за останување дома ќе почне да се применува на новогодишната ноќ во 21 часот и ќе трае до 4 јануари. Ердоган се обрати откако официјалните податоци покажаа дека во Турција дневно се регистрирани рекордни 229 починати од последици на Ковид-19. Според информациите на Владата, во последните 24 часа се потврдени нови 29.617 случаи на заразени со коронавирус. Вкупно досега во таа земја од коронавирус се заразени 1.866.345 луѓе, додека 16.646 лица се починати. гт/

Остани поврзан