Ердоган: На Форумот за дипломатија во Анталија ќе се разговара за геноцидот во Газа
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека на претстојниот Форум за дипломатија во Анталија, ќе разговара со шефовите на држави, кои ќе присуствуваат на настанот, „за геноцидот во Газа и ќе побара одговори на прашањето што може да се направи за да се запре угнетувањето“ врз Палестинците.

Анкара, 8 април 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека на претстојниот Форум за дипломатија во Анталија, ќе разговара со шефовите на држави, кои ќе присуствуваат на настанот, „за геноцидот во Газа и ќе побара одговори на прашањето што може да се направи за да се спречи угнетувањето“ врз Палестинците.
„Додека Израел го гази човечкото достоинство во Газа, ние нема да им свртиме грб на нашите браќа таму“, рече Ердоган на продолжениот состанок на претседателите на провинциите на неговата партија во конференциската сала на Партијата на правдата и развојот.
Тој рече дека јавноста била сведок на „разбојништво при што дури и е пукано врз амбулантни возила што ги превезувале ранетите (во Газа), погубени здравствени работници и извршување очигледни воени злосторства“. рп/
Фото: МИА архива