• сабота, 23 ноември 2024

Ердоган: Намален ДДВ за сапун, пелени, детергент …

Ердоган: Намален ДДВ за сапун, пелени, детергент …
Анкара, 29 март 2022 (МИА) – Турција ги намали даноците на додадена вредност на голем број производи, вклучително и медицинска опрема и производи за хигиена, за да се бори против инфлацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. - Одлучивме да го намалиме ДДВ-то од 18 на 8 отсто на производите како детергент, сапун, тоалетна хартија, салфетки и пелени за бебиња, рече тој. Падот на курсот на лирата и растот на цените на храната и енергијата доведоа до инфлација од 54,4 отсто во февруари, највисока во последните 20 години. јт/

Остани поврзан