• среда, 25 декември 2024

Ердоган му пренел на Херцог дека е вознемирен од судирите во Ал-Акса

Ердоган му пренел на Херцог дека е вознемирен од судирите во Ал-Акса
Истанбул, 19 април 2022 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му кажал на својот израелски колега Исак Херцог дека е „многу вознемирен“ поради повредените и убиени Палестинци на Западниот Брег и во џамијата Ал Акса за време на светиот месец Рамазан. Ердоган на Твитер напиша дека двајцата телефонски разговарале за неодамнешните настани предизвикани од „некои радикални израелски групи и безбедносните сили“, пренесуваат британските медиуми. Израелските безбедносни сили во петокот рано утрината влегоа во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, во кој илјадници Палестинци се собраа на молитва за време на светиот месец Рамазан, што доведе до судири во кои, според палестинските здравствени служби и израелската полиција, беа повредени најмалку 152 Палестинци и тројца израелски полицајци. сд/  

Остани поврзан