• недела, 24 ноември 2024

Ердоган му го врачи на Ларкин дресот на турската репрезентација

Ердоган му го врачи на Ларкин дресот на турската репрезентација
Истанбул, 8 февруари 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на свеченото отворање на стадион „Бурхан Фелек“ во Истанбул му го предаде на Шејн Ларкин дресот со националниот грб. Американецот Ларкин кој е кошаркар на Анадол Ефес од Истанбул, се согласи да настапува за Турција. На 1 февруари Ларкин објави дека официјално добил турско државјанство и со тоа ги исполнил условите да игра за турската репрезентација. На денешната церемонија присуствуваа претседателот на Кошаркарската федерација на Турција, Хидо Туркоглу и селекторот на националниот тим Ергин Атаман. зс/

Остани поврзан