• недела, 06 октомври 2024

Ердоган и Путин разговараа за спречување на ширењето на израелско-палестинскиот конфликт

Ердоган и Путин разговараа за спречување на ширењето на израелско-палестинскиот конфликт

Анкара, 10 октомври 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за израелско-палестинскиот конфликт, соопшти турското претседателство.

„Двајцата лидери разговараа за можните мерки за спречување на зголемување на тензиите во регионот и иницијативите за доставување хуманитарна помош во зоната на конфликтот на Блискиот исток“, се вели во соопштението на турското претседателство, објавено на X (Твитер).

Се додава дека Ердоган во разговорот рекол дека Турција ќе продолжи да прави се за да обезбеди мир во регионот. ссм/

фото: архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан