• недела, 24 ноември 2024

Ердоган за турската одбранбена индустрија: Го зголемивме домашното учество од 20 на 80 отсто

Ердоган за турската одбранбена индустрија: Го зголемивме домашното учество од 20 на 80 отсто

Испарта, 21 март 2024 (МИА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја прави значителни чекори на полето на одбранбената индустрија, а процентот на домашното производство во оваа област е зголемен од 20 на 80 отсто, пренесуваат турските медиуми.

-Ние (Турција) сме една од првите три земји во светот во технологијата на беспилотни летала, рече Едроган, обраќајќи им се на насобраните граѓани во турскиот град Испарта.

Истакнувајќи дека до вчера Турција имала одбранбена индустрија која речиси целосно зависи од странски извори нагласи и дека „ја зголемиле стапката на локално производство од 20 на 80 отсто“.

-Не ни даваа обични пиштоли, но сега има побарувачка за нашите домашни пиштоли од целиот свет. Сега сме меѓу водечките светски извозници во таа област, ​​додаде Ердоган. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан